Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го прегази Загреб за прво место во групата!
Вардар го прегази Загреб за прво место во групата!

Вардар го прегази Загреб за прво место во групата!

РК Вардар дојде до првата победа во новата 2017 година во ЛШ. Вечерва нашите играчи лесно се справија со екипата на Загреб и славеа победа со резултат 25-20 (14-8). Со оваа победа Вардар изби на лидерската позиција во групата Б. Сега нашиот тим има исти број на бодови со Киелце. 3

Вардарци одлично го отворија овој натпревар. Во првите пет минути нашите играчи дојдоа до предност од четири погодоци (4-0). Првиот погодок Загреб го постигна дури во осмата минута преку Хорват. Потоа во 11. минута од мечот нашиот тим имаше предност од 7-2. Во 16. минута Вардар имаше предност од плус четири со голот на Душебав. Веќе во 20. минута Вардар ја достигна највисоката предност на овој дуел која изнесуваше шест голови разлика 10-4. Потоа во 24. минута резултатот гласеше 11-5 за нашиот тим. Во 24. минута за прв пат на овој натпревар беше исклучен еден играч на нашиот тим, стануваше збор за Стоилов кој мораше да замине две минути на ладење. Се до крајот на првиот дел вардарци си ја одржуваа разликата која изнесуваше од пет до шест голови разлика. На полувреме се замина со предност од  14-8 за нашиот тим.

5

Вториот дел со погодок го отворија гостите преку Валчич. Во 36. минута од натпреварот резултатот гласеше 16-10 за нашиот тим. Следуваше фаза во која и двете екипи играа малку по грубо во одбраната. Вардар во продолжението од мечот ја искористи бројчаната надмоќ на теренот и постигна уште еден погодок за веќе високи плус седум 17-10. По оваа разлика теренерот на Загреб беше приморан да побара минута одмор. Серијата на погодоци на Вардар ја прекина Марковиќ со гол од крилна позиција за намалување на предност на Вардар на шест голови. Предност од плус седум за Вардар ја врати Душебаев со нов погодок во 42. минута од мечот. Во следните шест минути од натпреварот и двете екипи постигнаа само по еден погодок за во 46. минута резултатот да биде 18-12 за Вардар. По тајм-аутот на Гонзалес, Циндриќ постигна нов погодок за нови плус седум за нашиот тим. Душебаев одличната партија денеска ја надополни со нов погодок во 48. минута за 20-13. Во листата на стрелците се запиша и капитенот на РК Вардар Стоилов, кој погоди во 49. минута за нови плус седум за нашиот тим. Во 55. минута резултатот гласеше 23-18 за нашиот тим. До крајот на мечот Вардар рутински си ја одработи својата задача и славеше многу важна победа.

Во нашиот тим прв стрелец беше Душебаев со 7 погодоци, Циндриќ и Карачиќ придодадоа по  четири.