Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Ниту 26 поени на Адекунле не беа доволни за позитивен резултат на КК Вардар

Ниту 26 поени на Адекунле не беа доволни за позитивен резултат на КК Вардар

КК Вардар доживеа уште еден пораз во елитата. Нашите кошаркари вчера загубија од Кожув со резултат 86:73. Иако Адекунле постигна 26 поени, сепак, ниту тие не беа доволни за позитивен резултат од овој натпревар.

Првата четвртина Вардар ја одигра катастрофално. Успеа да постигне само 9 поени, а прими и дури 26. Уште по првата четвртина се надзираше победникот. И вториот период тимот од Гевгелија го доби, овој пат со резултат 21-17. Второто полувреме Вардар го одигра подобро. Третата четвртина ја добивме со резултат 26-24, додека пак последната со резултат 21-15.

Во редовите на Вардар и на овој натпревар се истакнаа само двајца играчи. Адекунле одигра одличен натпревар, постигна 26 поени, имаше 8 скокови и 2 асистенции. Робев беше вториот расположен играч во нашиот табор, овој играч постигна 17 поени. Во победничкиот тим Хал постигна 21 поен.