Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Пристигна новата опрема со “ребрендираното“ лого на Вардар (ФОТО)
Куглање! Пристигна новата опрема со “ребрендираното“ лого на Вардар (ФОТО)

Куглање! Пристигна новата опрема со “ребрендираното“ лого на Вардар (ФОТО)

Кугларскиот клуб Вардар пред помалку од недела дена реши да направи “ребренд“ на логото. Како што претходно ве известивме истата е направена со   цел истиот да го модернизираат во чекор со новите трендови, сепак да се зачуваат боите на  изворноста и да доминираат црвено-црната и се разбира неизбежната жолта боја на новиот амблем.  Истиот се наоѓа на златно-жолт штит,  тој  има златна рамка, во внатрешноста  се наоѓаат црвено-црни полиња во чија средина се наоѓа златната буква “В“ врз прекрстени два чуња. На врвот штитот е “крунисан“ со симболот на Скопје, мостот кој се наоѓа над реката Вардар, стилизирана верзија од историскиот споменик “Камени мост“.

logo-new

Логички, веднаш потоа беше нарачана нова опрема за играчите станува збор за дрес и кратки панталони за натпреварување и тренерки. Новото лого “блесна“ на новата опрема која ја има традиционалната црвено-црна боја  која е ударна, со мали примеси на жолта и  бела како пропратни. Модел кој прв имаше прилика да го прикаже амблемот на јавноста е Младен Донковски играч кој е еден од најдобрите поединци на тимот и кој има прекрасно спортско тело.

d1 d2 d4 d6 d8 d9 d10