Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Завировски “згази“ на Gazi Baba XC Challenge`17 тој истрча феноменално за “сребро“ и нов личен рекорд на патеката
Атлетика! Завировски “згази“ на Gazi Baba XC Challenge`17 тој истрча феноменално за “сребро“ и нов личен рекорд на патеката

Атлетика! Завировски “згази“ на Gazi Baba XC Challenge`17 тој истрча феноменално за “сребро“ и нов личен рекорд на патеката

Викендов се одржи VII традиционална атлетска крос кантри трка ‘Gazi Baba XC Challenge `17’. Таа  се трча низ  Парк-шума Гази Баба. Оваа манифестација е во организација на Endurance.mk – Скопје (АК Индјуренс) .

 На истата свое учество  имаше  нашиот вардарец Завировски Петар кој  настапи на оваа 8 километарска делница.  Тој  учествува третти пат по ред, лани  тој постави свој личен рекорд и го освои 4. место  трката. Изминатата трка Петре истрча одлични 26:18 со што беше побрз за 2  и пол минути од поланското време кога истрча 28:47.  Годинава тој повторно се надмина и имаше добар перформанс.  Тој го освои  второто место на престижниот крос кантри Gazi Baba XC Challenge `17! Зафировски покажа дека е немилосрден со рекордите дека ги бутка своите претходни постигнувања, ова момче е во животна форма. За овој успех  на вчерашната трка во која тој дојде до “сребро“  вели:

555a

Најдобра крос кантри трка во мојата кариера. Резултат кој изнесува 25 минути и 56 секунди е побрз за 22 секунди од моето претходно најдобро време на оваа патека. Презадоволен сум од континуираниот напредок! Големи честитки до вчерашниот победник нашиот драг атлетски пријател Милош Ранчиќ. Големи честитки до сите натпреварувачи. Честитки за организаторите за перфектната организација!
Ви благодарам на сите за поддршката!