Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) Вардар забележа пораз в гости кај ФК Победа
(ВИДЕО) Вардар забележа пораз в гости кај ФК Победа

(ВИДЕО) Вардар забележа пораз в гости кај ФК Победа

Вардар се врати  од Охрид со наведната глава, вардарци  загубија од Победа со резултат 2:1. Чуден развој на настаните имаше овој натпревар, се до средината на вториот дел нашиот тим ја контролираше играта, но потоа следуваше голем пад и два гола на Победа за целосен пресврт и победа. Нашите момци настапија со следниов состав: 90. Гачевски, 6. Грнчаров (од 62 мин. 10. Којашевиќ), 9. Блажевски, 11. Барсегјан (од 63 мин. 77. Брдаровски), 14. Велковски (од 73 мин. 87. Грозданоски), 16. Глигоров, 17. Џигаури, 19. Хамбарџумјан, 20. Николов, 21. Новак, 23. Демири.