Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Ново одлично издание на генерација “2005“ и по четири одиграни пролетни кола избраниците на Кралевски остануваат со максимален број на освоени бодови во детската лига
Ново одлично издание на генерација “2005“ и по четири одиграни пролетни кола избраниците на Кралевски остануваат со максимален број на освоени бодови во детската лига

Ново одлично издание на генерација “2005“ и по четири одиграни пролетни кола избраниците на Кралевски остануваат со максимален број на освоени бодови во детската лига

Денес на терените на ФФМ продолжија натпреварите од четвртото коло во детската фудбалска лига. Активна беше Вардаровата генерација родени “2005“ година кои забележаа две нови победи во ова натпреварување.

Екипата на Вардар (2) за противник го имаше тимот на Работнички кој убедливо го совлада со резултат 10:0. Иако ова требаше да биде дерби како што доликува на овие две екипи, немаше ништо од тоа па нашите млади надежи без поголеми проблеми го совладаа денешниот противник. Уште на стартот тргнавме офанзивно, а првиот удар го имаше Филип Јовановски кој биеше над голот, откако претходно топка нафрли Здравковски. На првиот гол не се чекаше многу време кога Матеј Гаштаров успева да ја погоди противничката мрежа и да го отвори резултатот за водство на Вардарци од 1:0. Набргу потоа зголемивме и на 2:0 преку Никола Величковски.

vardarfans-jovanovski

Црвено-црните не престанаа со нападите, а Работнички беше во целосна дефанизива. Тоа ни донесе третта корна, што значеше и удар од белата точка за нашиот тим. Сигурен реализатор е Филип Јовановски кој стрела за предност од 3:0. До крајот на првото полувреме успеваме да постигнеме уште два гола. Најпрво од нафрлена топка од корнер со чуство на голем играч, Никола Величковски со глава ја заби топката во голот на Работнички за 4:0. Одлична партија повторно одигра Јовановски и со негов прекреасен гол директно од слободен удар зголемува на 5:0. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме.

vardarfans-pobeda

Во второто полувреме повторно на теренот играше само Вардар, а тоа носи нови погодци во мрежата на противникот. Хет-трик следиме на Јовановски, кој успешно пласира во долниот лев агол од противничкиот гол за веќе убедливи 6:0. Се обиде Гаштаров за нов гол, но овој пат поуспешен е голманот на Работнички. Нов гол за Филип Јовановски, четврти за него на овој натпревар, откако асистираше Величковски за водство од 7:0. Хет-трик за уште еден играч во редовите на Вардар, Никола Величковски со својот трет гол носи предност од 8:0 за црвено-црните. Последниве двајца играчи имаа обиди за уште некој гол, но без реализација. Сепак тие не оставаат ништо на случајноста и повторно нивните имиња се во листата на стрелци. Најпрво за 9:0 погодува Величковски, за точка на натпреварот со својот петти гол да стави Јовановски за конечен резултат од 10:0.

Дерби одигра и екипата на Вардар (1) против своите врсници од Шкупи. И на овој меч славевме со резултат 3:0, а сите голови паднаа во второто полувреме. Тука противникот пружаше силен отпор посебно во првото полувреме кога не дозволија да ја затресеме нивната мрежа, иако Вардарци и во овој дел од мечот има неколку шанси да го отворат резултатот. Сепак на одмор се замина со оние почетните 0:0. Во второто полувреме дојде до израз колективната игра на Вардар кои постигнаа три гола. Прв кој погоди беше Ѓорѓи Дошев за предност од 1:0. На голот претходеше прво удар на Дамјан Конески кој голманот на Шкупи го одбрани, топката стигна до Дошев кој бие силно во горниот агол за отварање на резултатот. По овој гол тргнавме уште поофанзивно за порано да ја обезбедиме победата. Во следните пет минути се играше без поголеми шанси, иако противникот имаше обид, но во последен момент исфрламе од гол линијата. Се обиде Симеон Здравковски, но без реализација. Работите околу победникот станаа појасни кога Горјан Цветков со евро гол носи водство на својот тим од 2:0. Ова момче биеше директно од слободен удар во горниот лец агол од голот на Шкупи. До крајот на натпреварот постигнуваме уште еден гол за поубедлив триумф од 3:0, дело на Симеон Здравковски. 

 Оваа генерација на Игор Кралевски и по четири одиграни кола во пролетниот дел останува со максимален број на освоени бодови.