Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Ништо од градското дерби кај генер. “2003“ , Вардар со “петарда“ во мрежата го испрати Работнички дома

Ништо од градското дерби кај генер. “2003“ , Вардар со “петарда“ во мрежата го испрати Работнички дома

Денес на теренот на академијата се одигра градското фудбалско дерби помеѓу екипите на Вардар и Работнички, кај генерација родени “2003“ година. Иако требаше да биде неизвесно дерби немаше ништо од тоа, бидејќи Вардарци го прегазија својот ривал со убедливи 5:1, иако според бројот на шанси можеше овој резултат да биде и дуплиран.

Уште од првата минута се виде желбата и мотивот на Вардар да го надигра противникот. Прв обид имаше Абдулаху, но неговиот удар беше блокирн во корнер. Во следната наша акција се обиде Влатко Стојановски кој шутира покрај голот на Работнички. Црвено-црните беа целосно офанизвно ориентирани, за разлика од противникот кој беше во длабока дефанзива. Имавме можност преку Дарко Младеновиќ да го отвориме резултатот, но неговиот удар завршува покрај голот. Следен кој се обиде беше Антонио Мирков и тоа директно од слободен удар, но голманот на Работнички сеуште не дозволува да биде совладан. Продолживме со нападите и повторно во прилика Абдулаху кој шутира во рацете на голманот. Екипата на Работнички напрви три корни, што беше знак за главниот судија да покаже на местото за изведување на скратен корнер. Мирков беше изведувачот, но противничкиот голман го брани неговиот удар и резултатот сеуште останува оној почетниот. Секој нареден корнер за Работнички значеше и скратен корнер за Вардар. Следен кој се обиде од оваа позиција беше Абдулаху, кој направи чекор повеќе при ударот, па судијата го покажа како нерагуларен. Конечно црвено-црните успеваат да го отворат резултатот и да поведат со 1:0. Она што не им успеа да Мирков и Абдулаху, го направи нашиот голман Лука кој од истото место го совладува неговиот сонародник од противничкиот тим. Веднаш после отварање на резултатот, гостинскиот тим ја имаше првата шанса, но нашиот голман Стојковски успешно брани. До крајот на првиот дел тргнавме со сета сила и атак кон противничкиот гол. Уште една убава акција на Вардар, која ја поведе Мирков од десната страна, ја нафрли топката во противничкиот шеснаесетник, на неа со глава наиде капитенот Давидовски, кој погодува за водство од 2:0. Тука не застанавме и бевме решени да постигнеме уште некој гол до истекот на првите 40 минути. Мирков немаше среќа и ја погоди стативата. Прв гол на натпреварот постигнува и нашиот напаѓач Александро Прелоговски кој го зголемува резултатот на 3:0. На голот претходеше удар на Стојановски, кој од прва голманот го скроти, но на одбиената наиде Прелоговски кој немаше проблем да ја смести во мрежата. Првото полувреме заврши со резултат 3:0.

Во игра на стартот на второто полувреме влегоа Пашариковски и Андреев, на местото на Јовановски и МладеновиќПрва голема шанса во вториот дел имаше Давидовски, но голманот на Работнички со чудесна интервенција спаси поголема негатива, а веднаш после него се закани и нововлезениот Дамјан Андреев. Вардар продолжи во исто темпо и во вториот дел, а то дава нов погодок. Нововлезениот Дамјан Марковски успева да ја погоди противничката мрежа и да зголеми на 4:0. Противникот набрзина прави три корни, а нов играч кој се обиде да постигне гол беше вториот голман на Вардар, Гоце Јовчев. Сепак немаше сила во неговиот удар, кој беше лесен плен за голманот на Работнички. Добра шанса имаше и Петре Тасески, кој бие но голманот го брани неговиот удар. Одлична акација на Абдулаху у Мирков кој нафрли во шеснаесетникот на Работнички, каде еден од нивните играчи игрше со рака, по што беше досуден пенал за нашиот состав. Прв гол оваа сезона за Димче Мешковски кој беше изведувач на ударот од белата точка, за водство од 5:0. Во последните три минути од дуелот почесен гол постигнува и Работнички кој го намалува резултатот на 5:1. Во следниот наш напад имавме можност веднаш да го вратиме погодокот, но не успеавме да реализираме удар од белата точка. Голманот на Работнички го брани ударот на Благоја Јаневски. Во последната минута од натпреварот пречката од голот ја погоди Филип Ѓорѓоски од скратен корнер. Конечниот резултат гласеше 5:1.

Одлична игра за избраниците на Томче Трајановски кои остануваат на првото место на табелата со максимален број на освоени бодови.