Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шкупи на “колена“ , Вардарци од генер. “2002“ се вратија на победите во лигата совладувајќи го тимот од Чаир

Шкупи на “колена“ , Вардарци од генер. “2002“ се вратија на победите во лигата совладувајќи го тимот од Чаир

Вардаровата генерација “2002“ се врати на победите во лигата, откако денес на теренот на академијата ја победи екипата на Шкупи. Конечниот резултат гласеше 2:1 со головите на Игнатов и Салиу.

Тренерот Петар Ѓорѓиески стартуваше со следниве 11-сетмина: Величковски, Костовски, Петејчук,Пешевски, Крстевски, Гугуљанов, Блажевски, Омерагиќ, Салиу, Речица, Игнатов.

17991801_1314037618643081_2914652316866055666_n

Гледавме неинтересно прво полувреме, каде освен постигнатиот гол на Леонид Игнатов, немаше некои сериозни закани за постгнување гол. Првите шанси ги имаше тимот од Чаир, кои еднаш биеа покрај гол, а во другиот наврт голманот Величковски успешно го одбрани ударот. Црвено-црните пред постигнуавњето на голот немаа некоја поконкретна шанса. Конечно успеа од првиот обид да погодиме преку Леонид Игнатов за предност од 1:0. До крајот на првиот дел се обиде уште и Харбин Речица, кој од слободен удар шутира покрај голот на Шкупи. Првите 40 минути завршуваат со наше водство од 1:0.

vardarfans-ignatov

На стартот на вториот дел беа направени дури седум измени во нашиот состав. Од игра излегоа Костовски, Речица, Гугуљанов, Блажевски, Омерагиќ, Игнатов и Петејчук. На нивно место влегоа Фазлиу, Симев, Тодоровски, Демири, Ѓорѓиевски, Величковиќ, Исени. Во вториот дел се играше по средината на теренот, двете екипи се обидуваа да постигнат гол, но немаше некои поголеми шанси. Сепак нашиот тренер сакаше да им даде шанса на сите играчи да добијат подеднаква минутажа.

vardarfans-radost

Имаше обид Шкупи, но топката завршува во рацете на добро поставениот Величковски. Најубав момент на натпреварот се случи кога Фисник Салиу директно од слободен удар биеше и постигна гол за голема радост на Вардарци и за зголемување на водството на 2:0. Сепак по три минути, екипата на Шкупи успева да постигне гол и да го намали резултаот на 2:1. Последните пет минути помина мирно, по што судијата отсвири крај на натпреварот. Конечниот резултат гласеше 2:1. Голем триумф за Вардарци кои се вратија на победите во лигата.

Во среда оваа генерација предводена од Ѓорѓиевски гостува во Битола, на екипата на Талент, во рамките на првиот меч од полуфиналето на купот.