Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Ивановски со настап во Виена, Завировски трчаше в Скопје

Атлетика! Ивановски со настап во Виена, Завировски трчаше в Скопје

Во викендов кој е зад нас активни беа двајца атлетичари од нашиот црвено-црн атлетски колектив. Марко Ивановски настапи на  Виенскиот маратон, а Петре Завировски имаше настап на трката на 3.000 метра која се одржа на тартан патеката на Телеком Арената одрганизирана од Атлетската федерација на Македонија.

Викендов се трчаше 34-то издание на  “Vienna City Marathon”, во дисциплината полумаратон настапи и нашиот атлетичар Марко Ивановски, кој патеката од 21.097 метри ја истрча со нов личен рекорд од 01:18;45 (просек 3.43/км). Истрчаното време на Ивановски беше доволно за пласман на 43-то место во генерален пласман од над 10.000 тркачи, додека во категоријата М-30 (30+ години) се пласираше како 11-ти.

Виенскиот маратон е манифестација со голема традиција и еден од најмасовните маратони во светот каде што секоја година учество земаат повеќе од 50.000 маратонци во категориите маратон, полумаратон, штафетен маратон, 10км, 5км и детски трки.

Согласно календарот на Атлетската Федерација на Македонија,  викендов се организираше меѓународен атлетски митинг “Отварање на сезоната”. Со што и официјално започнуваа натпреварите на атлетска патека. Настанот се одржи на Телеком Арената во Скопје. Свое учество во истата  зема нашиот атлетичар Петре Завировски.

zafir2

Вардаровиот атлетичар  настапи на трката на 3.000 метри каде што  се обиде да го подобри својот најдобар резултат во оваа дисциплина кој изнесува 9:32 истрчан минатата сезозна во септември. Завировски истрча блиску до својот “таргет“, тој патеката ја мина за 9 минути и 38 секунди. Ова време беше доволно за пласман во топ-5 местата, поточно на петтата позиција на оваа премиерна трка. Наскоро го очекуваат нови трки и предизвици . Станува збор за 8-то Национално првенство на 10.000 метри на кое тој ќе настапи во сабота.