Вардар и Спортскиот центар “Јане Сандански“ cе домаќини на завршниот турнир во женската ракометна регионална лига (ВРХЛ). Денес на програмата е финалето, во него ќе играат екипите на Вардар и црногорскиот тим Будуќност. Нашиот ривал обезбеди место во финалето одкако го победи словенечки Крим, апак нашите девојки триумфираа со Подравка во 1/2-финалето. За вечерашниот натпревар стратегот на Будуќност долгогодишниот кормилар на екипата Драган Аџиќ изјави:
Мило ми е што овој формат на Регионалната лига функционира добро. Одличен е, вака би можело да се продолжи со четири екипи, на сите ни значеа овие натпревари. Драго ми е што и ние и Крим останавме здрави по меѓусебниот натпревар, затоа што ние се подготвуваме за ЛШ, а Крим тукушто заврши со обврските во домашното првенство и во Купот. Се заблагодарувам за одличното гостопримоство во Скопје и мислам дека во финалето не чека добар натпревар. Желба ми е сите да останеме здрави пак и ние и Вардар добро да се воиграме пред Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.