Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > “Нокаут“ за Милано, Вардаровата генер. “2003“ со значајна предност на првиот полуфинален меч од купот

“Нокаут“ за Милано, Вардаровата генер. “2003“ со значајна предност на првиот полуфинален меч од купот

Денес на теренот на академијата се одигра првиот полуфинален натпревар од Kупoт на Македонија, кај генерацијата родени “2003“ година. Во него екипата на Вардар успеа да слави во дуелот со Милано со резултат 3:0 и со значјна предност ќе го дочека реваншот за седум дена во Куманово.

Тренерот Трајановски го започна мечот во следниот состав: Стојковски, Ѓорѓоски, Трпезановски Сељанац, Абдула, Стојановски, Давидовски, Јовановски, Мирков, Младеновиќ, Прелоговски,

Вардарци уште од првата минута атакуваа кон голот на противникот, а првата прилика ја имаше Антонио Мирков, но неговиот удар го брани голманот на Милано. Следните две шанси за Вардар ги имаше Дарко Младеновиќ, во првата акација биеше над гол, додека во втората каде се создаде гужва пред противничкиот шеснаесетник, Младеновиќ шутира покрај голот на противникот. Прв удар кон нашиот гол имаше и гостинската екипа, но истиот завршува во рацете на голманот. На средината на првото полувреме, црвено-црните успеваат да го отворат резултатот и да поведат со 1:0. Во противничкиот шеснаесетник беше фаулиран Мирков, по што судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше токму Антонио Мирков кој погодува за отварање на резултатот.

vardarfans-radost

И после погодокот продолживме константно да притискаме на половината на противникот. Во шанса за прв пат се најде и Прелоговски, кој бие со глава но голманот на Милано го брани неговиот удар. Се обидоа и гостите да направат нешто поконкретно, но ништо од тоа не се случи, за одбележување се два слаби удари, кои без проблеми нашиот голман Стојковски ги скроти. Избраниците на Трајановски имаа голема шанса да го зголемат резултатот, но Младеновиќ не искористи зицер прилика за погодок. Одличен продор на Мирков од десната страна кој нафрли и го пронајде Мирков, но овој од непросредна близина бие за малку над голот.Првите 40 минути завршија со резултат 1:0.

vardarfans-2003

Во второто полувреме беа направени неколку измени во нашиот состав. Во играв влегоа Мешковски и Пашариковски, на местото на Стојановски и Младеновиќ. Тренерот Трајановски направи измена и на голманската позиција, каде Цветков го замени Стојковски, но Лука беше прекомандуван во нападот. Токму Стојковски имаше прилика, но беше прекраток во обидот да стигне до топката. Во првите дваесет минути од овој дел се играше мирно, без некои поголеми шанси за промена на резултатот. Нова измена во нашите редови, на местото на во игра влезе Дамјан Андреев. Падна и вториот гол, повторно во мрежата на Милано. Од прекин Мирков успешно уфрли топката во противничкиот простор, на вистинското место се најде Димче Мешковски кој погодува за 2:0. Не помина ниту една минута, а црвено-црните со нов гол во мрежата на Милано. Во листата на стрелци за прв пат денес се запишува и стоперот Филип Ѓорѓоски кој зголемува на 3:0. Бункерот на Милано целосно се распадна пред нашите налети, па Кумановчани гледаа што побргу да заврши мечот. Нова измена направи Вардар, каде влезе Тасески а излезе Трпезановски. Имавме шанса да го зголемиме резултатот, но Дамјан Андреев од добра позиција не успева да погоди. Лука се обиде со глава, покрај голот на Милано. Конечниот резултат на крајот гласеше 3:0.

Ова е голема предност за црвено-црните, во пресрет на реваншот од полуфиналето на купот. За седум дена Вардар ќе се обиде да го потврди пласманот во големото финале.