Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кадетите на КК Вардар “сребрени“ на турнирот во Италија, пехарот “избега“ за 2 поена

Кадетите на КК Вардар “сребрени“ на турнирот во Италија, пехарот “избега“ за 2 поена

Генерацијата 2002, односно кадетите на кошаркарскиот клуб Вардар учествуваа на силен маѓународен кошаркарски турнир во Милано, Италија. Тие  успеаа да направат подвиг и да обезбедат пласман во големот финалето кое се играше вчера. Во овој натпревар противник ни беше фавориот, Емпорио Армани. Тој тим  беше бранителот на златото од лани, до кое дојде и оваа година.

k

Нашите момци одиграа храбро на овој турнир и во ова финале, повеќе од заслужено се закитија со “сребро“ на овој турнир. Вчера тие беа рамноправни, влегоа во костец со фаворитот, натпреварот беше неизвесен во целиот тек се до крајот. Пехарот ни избега за само два поена, нашиот ривал триумфираше со 56-54 на крајот. До овој финален меч стигнавме со победата  полуфиналето над  фаворитот Блуоаробица Бергамо. Избраниците на Јованчев Александар однесоа победа со резултат 66-62  на тој дуел. Претходно имавме и две победи и еден пораз на турнирот. Треба да напоменеме дека една година помалите генерацијата 2003 претходно на турнирот во Битола освои злато-види, со ова покажаа нашиот кошаркарски клуб Вардар дека е најдобра кошаркарска младинска школа во земјава, нешто што е општо познато и од претходно.