Младите кошаркарски надежи на Вардар, генерацијата на играчи родени 2003 година и помлади дојдоа до “златото“ на традиционалниот кошаркарски турнир во градот Битола. Истиот изминатиов викенд се одржуваше во овој град под Пелистер, а нашите пионери беа најдобри на овој собир.
Момците на КК Вардар до првото место дојдоа откако во разигрувањето постигнаа две победи. Тие беа подобри од врсниците на КК Младост со убедливи 71:13, однесоа победа и во мечот со скопскиот ривал кој беше далеку поатрактивен противник , тимот Водно Санс. Црвено-црните момци овој дуел го добија со резултат 71:56 во нивна корист со што си обезбедија натпревар за “злато“.
Во финалниот натпревар пред момците на Љупчо Илчевски беше тежок противник, тие се сретнаа со врсници од скопската населба Јане Сандански, тимот на МЗТ Скопје. Во меч со моногу борба покажавме карактер и победивме со “три плус“ односно пехарот го освоивме со резултат 59:56. Покрај оваа имаме и едно индивидуално признание, за МВП (најкорисен) играч на турнирот е прогласен нашиот вардарец, Павел Атанасов. За потсетување оваа генерација на крајот од минатата година победи и на меѓународен турнир во Белград, а и таму имавме признание за МВП- види
Другата екипа поточно кошаркарите од генерацијата родени 2003 се на силен меѓународен турнир во Италија. Тие по почетната победа над кадетскиот украинскиот кадетски шампион со 75: 66, беа совладани од италјанскиот вице-првак КК Варасе со 76-65. Сепак момците се издигнаа о победија високо со КК Виктор Рхо со 115-56. Со таа победа обезбедивме можност за медал.
Кадетскиот состав ќе игра во полуфиналето на турнирот во Италија и ќе атакува на одличје. Во истото ќе се сретнеме со фаворитот КК Блуиробуца Бергамо, во другото полуфинале ќе играат КК Емпорио Армани и КК Варасе. Се надеваме дека ќе имаме убави вести и од Италија како што пристигнаа и од Битола.