Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Пионерите го подигнаа пехарот во Белград, Дамјан Гацов прогласен за “МВП“ (ФОТО)
Кошарка: Пионерите го подигнаа пехарот во Белград, Дамјан Гацов прогласен за “МВП“ (ФОТО)

Кошарка: Пионерите го подигнаа пехарот во Белград, Дамјан Гацов прогласен за “МВП“ (ФОТО)

Убави вести вчера дојдоа од Белград од пионерите на КК Вардар родени 2003 година. Тие го освоија првото место на турнирот “IBC BELGRADE TOURNAMENT 2016“. “Црвено-црните”  млади момчиња овој турнир го одиграа на маестрален начин и заслужено стигнаа до првото место.

Тие  во финалето го совладаа и домашниот тим на ИБЦ Белград со резултат 71:70. Нашите момци до оваа победата стигнаа по продолжение од пет минути. По регуларниот дел, резултатот беше нерешен 64:64. Претходно, на овој турнир ги победија и тимовите на КК Ангели од Скопје, како и тимот на КК Орион. По крајот на турнирот пехарот и златните медали завршија во рацете на нашите вардарци. Сепак, тоа не беше се , еден од најдобрите играчи на КК Вардар 2003 Дамјан Гацов доби поединечно признание. Тој беше  прогласен за МВП на финалниот натпреварот за генерација 2003. Честитки до Гацов за оваа награда, нека биде потик за нови успеси.