Ракометниот сојуз на Црна Гор ги избираше своите најдобри спортисти во 2016 година. За најдобра црнагорска ракометарка која настапува надвор од земјата е крилото на Вардар, Јованка Радичевиќ. Кај најдобар ракометар кој исто така игра во друга држава, наградата ја поделија Вуко Борозан и Небојша Симиќ, голманот на Кристијанштад.
Борозан важи за еден од најмладите и талентирани играчи, што покажуваат и неговите игри во црвено-црниот дрес, каде Вуко ја игра својата прва сезона, додека Радичевиќ е веќе докажана ракометарка со голем број на признанија зад нејзиното име. Наградите ќе бидат доделени на 4-ти јануари во градот Бар.