Дојде денот за испишување на ракометна историјa. Нашиот шампион во еден одличен натпревар, уште еднашка покажа дека е за неколку класи подобар оваа сезона и од германскиот тим на Фленсург. Во ниту еден момент и на мечот во Скопје Вардар не беше доведен да брка негатива. Со помошта на одличната публика, Вардар во вториот дел го “докречи” противникот. Вардар овој натпревар го доби со убедлив резултат 35-27 (15-10). Честитки до целиот тим за пласманот на Ф-4. Сакаме титула!
Натпреварот започна со гол на Вардар, стрелец на првиот погодок на овој меч беше Борозан. Во 5 минута од натпреварот Вардар водеше со 3-2. До средината на првиот дел се играше еден пред се цврст натпревар со одлични одбрани. Во 14 минута Вардар ги имаше највисоките плус два 6-4 со голот на Циндриќ. Потоа ва 20 минута Вардар направи и уште по голема разлика 9-6 што беше највисока до овој момент. Потоа во 22 минута Вардар дојде и на плус четири со одличниот погодок на Душебаев по одлична асистенција на Циндриќ. Следуваше фаза на мечот во кои главни актери на теренот беа судиите. Данците на неколку наврати чудно донесоа неколку одлуки во корист на противникот. Но, и покрај помошта на судиите, Вардар се консолидираше па така на пауза замина со плус пет 15-10.
Вториот дел со гол го отвори нашиот тим, Дибиров стрелаше прецизно за 16-10. Во 34 минута гостите намалија од нашата негатива 17-13 гласеше резултатот. Вардар во продолжението побара тајм- аут, по минутата одмор на Гонзалес, Вардар почна да игра уште по фуриозно. Штербик влезе во свој елемен, успеа да запиште неколку одлични одбрани и да ја запали целата публика. Во 43 минута од мечот Вардар имаше веќе предност и од 24-17 со голот на Вуко Борозан кој упари една бомба.
Ова беа највисоките плус седум за Вардар на мечот. По овој гол на Вуко, публиката беше веќе во транс. Вардар продолжи да меле, следен кој погоди беше Карчиќ за веќе 25-17. По овој го следуваше уште еден дело на Шишкарев за веќе 26-17 во 44 минута. Се чинеше дека уште тука е се јасно кој ќе патува на Ф-4. Серијата на погодоци на Вардар ја прекина Тофт Хансен со гол за намалување на предноста на 26-18. Новата предност од плус девет беше дело на Кањелс од седум метри. Вреди да се одбележи, Штербик до 47 минута имаше 11 успешни одбрани. Одличната игра на Вардар продолжи и понатаму, во 52 минута Вардар имаше и 31-22. Се до крајот на мечот Вардар рутински си ја доврши својата задача.
Циндриќ прв стрелец со седум гола, Шишкарев додаде пет. Заслужен пласман во Келн, со оглед дека Вардар во двата натпревари го надигра Фленсбург.