Претстојниве пет дена се одредени за настап на ракометните репрезентции, во рамките на квалификациите за европското првенство кое во 2018 година ќе се одигра во Хрватска. Од екипата на Вардар, за своите селекции се повикани вкупно 12 ракометари.
Деби на клупата на Македонија,ќе има Вардааровиот тренер Раул Гонзалес. Нашата селекција ја очекуваат натпревари против Исланд. Првиот се игра во четврток во спортскиот центар Борис Трајковски, додека во недела Ислан е домаќин. За претстојниве натпревари, Гонзалес повика дваја ракометари од Вардар. Се работи за Стојанче Стоилов и Мартин Поповски.
Србија ја очекува двомеч против селекцијата на Романија, а во составот за овие два натпревари ќе бидат Илија Абутовиќ и Мијајло Марсениќ. Првиот на програмата е во четврток, каде Романија е домаќин, додека во сабота Србија ќе ја пречека Романија.
Арпад Штербик се враќа во националниот тим за дуелот против репрезентацијата на Австрија. Покрај него дел од Шпанија ќе бидат и Алекс Душебаев и Жоан Кањелас. Утре “фуријата“ ќе гостува на Австрија, додека во сабота се игра реваншот на теренот на Шпанците.
Русија после двата нерешени резултати ќе се обиде да стигне до првата победа во својата квалификациска група, против Шведска. Првиот меч на овие две селекции е во среда, на кој домаќин е Русија, додека во сабота Шведска ќе игра пред домашната публика. За овие два натпревари селекторот Торгованов во својот состав ги повика Александер Деревен и Данил Шишкарев, кој од вчера е назначен за нов капитен на Русија.
Свои натпревари ќе одигра и Црна Гора, која за противник ја има Словачка. Повратник кај црнагорците е Вуко Борозан, кој ќе се обиде да и помогне на својата репрезентација на овој двомеч. Словачка прво е домаќин во среда, додека во сабота се игра реваншот во Црна Гора.
Подготовки за ЕП ќе одработи и Хрватска, која е и домаќин на ова натпреварување следната година. Новиот селектор Лино Червар ги собра своите ракометари, каде во наредните денови ќе се подготвуваат во Пореч. Меѓу повиканите играчи се Игор Карачиќ и Лука Циндриќ.