Најголемиот боречки европски спектакл се одржува во Нови Сад , Србија каде што се собрани и присуствуваат најдобрите Европски борачи во трите стила. Тие се во борбата за освојување на титулата на “Стариот континент” од истото. ЕП стартуваше денес и ќе трае до 7 мај 2017. На натпреварувањето настапуваат двајца вардарци Егоров кој настапи денес и Нуров кој има настап утре.
Нашиот одличен црвено-црн борач Магомедгаџи Нуров ќе настапи во категоријата до 97 килограми. Тој е во одлична форма што го покажа кога освои бронзен медал меѓународен силен борачки турнир “Дан Колов“ во Бугарија пред околу три седмици. Во првиот круг МАГА НУРОВ го совлада Бугарскиот боречки АС , Светскиот и Европскиот шампион , Олимпиецот Михаил Ганев од Бугарија со убедливи 7:4, потоа во 1/8 финалето, во една драматична борба , со одлична завршница го совлада одличниот Ксенидис Тимофеи 18:14. За да во четвртфиналето загуби од турскиот претставник Риза Јилдери 3:7 борач на кој му се пружа прилика да му се “одмазди“ токму на ова Европско првенство.
Денес тој одлично помина на мерењето, ја имаше потребната килажа и според нашите информации од вардаровата експедиција се чуствува подготвен и мотививиран за утрешните дуели. Во 1/8 финалето ќе се натпреварува со борач од Србија за кој очекуваат нашите момци дека ќе го мине. Потоа во 1/4-финалето е шанса за одмазда со турскиот репрезентативец, Риза Јилдери и пласман во најдобрите четири во оваа категорија. Се надеваме дека нашето момче утре само ќе го потврди она што го знаеме за него дека е раскошен талент, одличен борач и Македонија ќе има прав “лав“ на душекот.
Треба да ја напоменеме и денешната борба на Егоров Владимир на Европското во Србија, кој беше поразен. Сепак не треба и не смееме да бидеме разочарани од него. Тој храбро се бореше со Русинот Угуев и загуби со 3-5. Можеби поразот се должи при една грешка во напад кога Угуев ги освои двата клучни поени. Вардарецот до крајот напаѓаше, но времето не беше на негова страна. Тој покажа дека поседува квалитет кој е несомнен и го прикажа и покрај навистина лошата ждрепка која ја доби.