Познати се полуфиналните двојки на завршниот турнир во најголемото ракометно натпреварување. Барселона е противник за Вардар и последна пречка до големото финале на ЛШ, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат Веспрем и ПСЖ. Голманската легенда на Барселона и Шпанскиот ракомет, Давид Баруфет кој работи како спортски директор на каталонците, ја искоментира денешната ждрепка и со каква екипа ќе се соочат тие:
-Иако е дебитант на Ф4 турнирот, Вардар е многу искусен и добар тим. Имаат играчи со многу големо искуство, а исто така тука се и нашите стари познаници Жоан Кањељас, Арпад Штербик и Алекс Душебаев. Во целина тие имаат одличен тим кој добро го води Раул Гонзалес и ќе биде многу тежок дуел. Завршија на првото место во групата и во текот на целата сезона прикажуваат високо ниво на игра.