Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Игор Димитровски со последни подготовки за Скопски маратон, Димитровски: Големо е задоволството да се трча во вардаровиот дрес
Атлетика! Игор Димитровски со последни подготовки за Скопски маратон, Димитровски: Големо е задоволството да се трча во вардаровиот дрес

Атлетика! Игор Димитровски со последни подготовки за Скопски маратон, Димитровски: Големо е задоволството да се трча во вардаровиот дрес

Се наближува најголемата спортска манифестација во земјава во станува збор за Скопскиот маратон-2017. Истиот е најмасовен и најдобро огранизиран настан од овој тип во нашата република. Скопски маратон-2017 ќе се одржи неделава, поточно на 7-ми мај низ улиците на нашиот главен град. На истиот ќе земат учество повеќе вардарци помеѓу кои и нашето момче Игор Димитровски.

igor

Игор Димитровски е 25 годишен атлетичар на Атлетскиот Клуб “Вардар” кој е член на клубот од 2012 година. Тој е атлетичар кој настапува на кратки и средни патеки. Игор има учествувано на неколку државни натпревари,  има земено учество на трката “Трчаме кон целта“ во 2014 и 2017 година, а исто така секоја година традиционално учествува на Скопскиот Маратон започнувајки од 2012 година па се до денес. На скопскиите улици  ќе  учествува на трката 5 км. Тој веќе ги обавува последните подготовки пред настапот овој викенд, подготвувајќи се за старната линија во црвено-црниот дрес.

igor2 igor3

Целиот свој живот е дел од брендот и посветен на Вардар, како навивач, вљубеник во црвено-црните бои, а подоцна и како спортист во АК Вардар. Вели дека му е чест и задоволство што е дел од големото црвено-црно вардарово семејство. Во разговор  за Вардар фанс кратко ни изјави:

-Подготовките за Скопскиот маратон-2017 се во последна фаза, се надевам дека ќе имам добар настап на трката на 5километри на која ќе трчам. Посебно сум  задоволен што  поискусниот тимски колега Петре Завировски  ми даде целосна поддршка досега и ме  стимулира  во иднина да настапам на трката во рамките на Скопскиот Маратон на 21км, односно на полумаратонската патека. Подготвен сум за настапот овој викенд каде со големо задоволство ќе трчам за својот Вардар.  За полумаратонската делница дефинитивно ќе треба многу повеќе да тренирам,  и да бидам подобро подготвен за еден таков навистина тежок атлетски предизвик -вели Димитровски во изјавата за нашиот сајт.

igor4