Нашиот ракометен шампион испиша историја за себе и воопшто за Македонскиот ракомет, успевајќи да се пласира на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во лигата на шампиони. Црвено-црните славеа и на реваншот во Јане Сандански, откако на првиот натпревар имаа предност од два гола. Сепак избраниците на Гонзалес беа решени да не калкулираат и на возвратниот меч тргнаа со желба да го победат противникот. Имавме водство во текот на целиот меч и контрола на резултатот. Во еден момент имавме и највисоки девет гола разлика, а на крајот славевме со конечни 35:27. Циндриќ беше најдобар стрелец со 7 голови, додека по 5 постигнаа Душебаев и Шишкарев.
Погледнете ги најинтересните моменти од овој убедлив триумф, со кој си обезбедивме место во Келн.