Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Четворица играчи од Вардар повикани во составот на репрезентацијата до 19 години, за контролните дуели против Бугарија
Четворица играчи од Вардар повикани во составот на репрезентацијата до 19 години, за контролните дуели против Бугарија

Четворица играчи од Вардар повикани во составот на репрезентацијата до 19 години, за контролните дуели против Бугарија

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години на 9 и 11-ти мај ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Бугарија. Овие мечеви ќе се одиграаат на тренинг центарот “Петар Милошевски“. За овие дуели, селекторот Вујадин Станојковиќ повика четворица играчи од фудбалскиот клуб Вардар.

Се работи за Филип Антовски кој настапува за пионерите, како и Филип Стојчевски, Тодор Тодороски и Бојан Колевски кои играат за младинскиот состав, предводен од Љупчо Марковски.Оваа репрезентација продолжува со одигрување на контролни натпревари, како подготовка за квалификацискиот циклус.