После убедливата победа против Фленсбург, двајца наши играчи се најдоа во најдобриот тим, на реванш мечевите од четвртфиналето на ЛШ. Лука Циндриќ одигра одлично на двомечот против Фленсбург, а на вториот натпревар во Скопје постигна вкупно седум голови и беше најдобар стрелец, додека Шишкарев го пратеше со пет погодоци. Токму нив, ЕХФ ги смести во идеалниот тим, каде се уште и Перез Де Варгас, Валеро Ривера, Арон Палмарсон, Јуре Доленец и Лука Карабатиќ.
За нашите ракометари можете да гласате на линкот ТУКА.