Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар СЦЈС го пречекува ЖРК Пелистер

Вардар СЦЈС го пречекува ЖРК Пелистер

Денеска Вардар СЦЈС ќе одигра нов натпревар во ракометната Супер лига. Нашите девојки во рамките на 25 коло ќе го пречекаат тимот на ЖРК Пелистер. Овој натпревар вардарки ќе го дочекаат како второпласирана екипа зад тимот на Металург. Денешниот наш противник во моментов се наоѓа закован на последната позиција на табелата со само две победи на 17 одиграни натпревари.

Се очекува вардарки да имаат лесна задача на овој натпревар и да ја продолжат победничката низа. Денешниот меч ќе се одигра во СЦ. “Јане Сандански” (мала сала), со почеток во 17-00 часот.