Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Василевски: Бесен го чекам мојот најбрз полумаратон
Атлетика! Василевски: Бесен го чекам мојот најбрз полумаратон

Атлетика! Василевски: Бесен го чекам мојот најбрз полумаратон

Во недела на улиците на главниот град Скопје ќе се одржи најдобро организираната  атлетска трка во земјава Скопски Маратон-2017. На истата учество ќе земат илјадници учесници, професионалнци и рекреативци. Атлетскиот клуб Вардар ќе има неколку учесници еден од нив е младиот Дејан Василевски. Тој лани токму на овој маратон направи подвиг, кога се победи самиот себе и истрча неверојатни 42 километра на маратонот за првпат во својата кариера. Дејан лани успеа да биде маратонец финишер и покрај серијата маки, пехови и замор ги совлада над 42 000 метри низ скопските улици. Годинава ќе настапи на полумаратонската делница од 21 километар, иако  се подготвуваше долго имаше проблеми во последната фаза од подготовките, сепак тој храбро ќе се соочи со оваа дистанца. Во разгоовор за нашиот сајт за предизвикот кој го чека вели:

Помалку од 4 дена до најголемиот спортски спектакл во оваа држава, Скопје маратон. Истиот за мене претставува можеби таргет трка за последните неколку години. И целиот маратон што го истрчав претходната година беше токму наменет за удвојување на искуството за истата патека. Имам истрчано два полумаратони на оваа патека и еден маратон. Лагодноста во првиот круг од ланскиот маратон – целосната патека на овогодинешниот полумаратон кој ќе го трчам ми овозможи да се фокусирам единствено на брзината. Таргетот беше ова за мене да биде најбрзиот полумаратон. Можеби тактички не é избрана најпаметната трка со оглед на временските услови, но сакав тоа да биде на нашите улици. Претходната година, точно на еден месец пред трката се здобив со воспаление на ахиловата тетива и не бев во можност ниту да чекорам лесно. Проблемите ме отстранија од тренинг една недела.

vik4

За разлика од тогаш, кога за таа трка клучен фактор беше кондицијата, која и не се губи така лесно за период од една недела, оваа година се надевав дека се ќе биде во ред бидејќи ме чекаше експлозивна трка во која планирав да влезам со висок ритам од самиот почеток. Но ова е спорт во кој се é можно, па ме погодија овојпат две непријатни недели на точно месец од денот на трката, приморан да паузирам. Овојпат не преостана време да ја вратам формата која ја одржував долго време, затоа што телото се уште не ми беше закрепнато и по враќањето во првата недела и единствено што преостана е последната недела пред трката. Од денес ми преостануваат уште два тренинга како завршница на долгиот тренажен процес. И покрај се, исто мотивиран како и пред паузата, бесен го чекам стартот во кој сепак се надевам на мој најбрз полумаратон.
Спортски поздрав!