Веќе на теренот во Спортскиот центар “Јане Сандански“ се двете екипи актери во македонското ракометно дерби, тимовите на Вардар и гостинот РК Металург од Автокоманда. Нашите момци се подготвени за овој предизвик и победа над три гола со која ќе ја “визираат“ новата титула Шампион на Македонија во машка конкуренција. Раул Гонзалес се одлучи за најсилниот состав во ова дерби за шампионската круна во лигата.