Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мириса на нова титула, Вардар го “растури“ Металург и покажа кој владее во Македонија
Мириса на нова титула, Вардар го “растури“ Металург и покажа кој владее во Македонија

Мириса на нова титула, Вардар го “растури“ Металург и покажа кој владее во Македонија

Вечерва  во Спортскиот центар “Јане Сандански“  се одигра  македонското ракометно дерби помеѓу тимовите на Вардар и гостинот Металург од Автокоманда. Нашите момци дојдоа до триумф и веќе сигурно ќе ја обезбедат новата титула Шампион на Македонија во машка конкуренција. Момците на Раул Гонзалес дојдоа до видока победа издвојувана со резултат 38-25.

13 14

Вардарци натпреварот го отворија со  два гола искористувајќи го празниот гол на Металург кој почна од првиот напад почна со играта 7 на 6 без “чувар на мрежата“ поведовме и со 2-0 по 2 минута игра. Во продолжение двата тима постигнаа по два гола во противничката мрежа и во 6.минута влеговме со резултат 4-2.  Тимот од Автокоманда успеаа да изедначи на 5-5 во 9.минута  од натпреварот кога на семафорот во “Јане Сандански“ стоеше резултатска симетрија.  Веднаш потоа тие поведоа и со 5-6 на што одговори Карачиќ со одличен погодок за изедначување 6-6 и Шишкарев за водство од 7-6. Борозан со “бомба“ зголеми на 8-6 по што клупата на сино-белите го побара првиот тајм-аут, кој не им беше од корист тие промашија, А Борозан со нова “бомба“ зголеми на 9-6. Со игра гол за гол на двете страни продолжи натпреварот и во 20.минута влеговме со наша предност од “три плус“ 13-10.  Вардар ја стабилизираше играта, во одбрана ја подигнавме борбеноста која даде резултат во последната третина од првиот дел. Првпат отидовме на “плус пет’ односно поведовме со 16-11 во 23.минута со голот на Тимур Дибиров преку цел терен откако противникот наш изгуби топка при напад 7 на 6.  Во последните минути од првиот дел на натпреварот предноста ја зголемивме уште за два гола, на полувреме заминавме со “плус седум“ односно со резултати 20-13.

11 12

Вториот дел започна со два гола на Тимур Димиров и еден на Игор Карачиќ со кои поведовме со “десет плус“ 23-12 во 3 минута од вториот дел на ова македонско дерби. Сино-белите успеаа да намалат на осум негатива во 11.минута во вториот дел кога постигнаа погодок за 26-18. Во следните пет минути само по два гола постигнаа екипите, нашата предност остана висока, а на семафорот стоеше 28-20 во корист на момците на Раул Гонзалес. На сцена стапува “бомбардерот“ Вуко Борозан кој со два последователни гола повторно не однесе на двоцифрена предност, во 19.минута поведовме со “плус десет“ 30-20. Од трибините во тие моменти почна славје, “Комитите” ја почнаа препознатливата “Никој како тебе друг….“.  Во продолжение Илиќ од пенал во 23.минута успеа да намали на 32-24. Во 26.минута првпат отидовме и на 11 плус, кога Стоилов погоди за 35-24. До крајот само ја потврдивме победата и триумфиравме со убедливи 38-25.

15

Кај Вардар најдобар стрелец беше Дибиров со 8 гола, Карачиќ придодаде 7. Треба да се напомене и уделот на Арпад Штербик кој повторно имаше двоцифрен број на одбрани и на овој меч.