Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Давид Астарџиев: Оваа сезона ја оставаме зад нас, за наредната ќе дадеме максимум за подобар пласман
Давид Астарџиев: Оваа сезона ја оставаме зад нас, за наредната ќе дадеме максимум за подобар пласман

Давид Астарџиев: Оваа сезона ја оставаме зад нас, за наредната ќе дадеме максимум за подобар пласман

Со победа заврши сезоната за пионерите на фудбалскиот клуб Вардар, кои изминатиов викенд го одиграа последното првенствено коло за оваа сезона. Избраниците на Сашо Јанев триумфираа во дуелот со екипата на Ренова (3:0) и на тој начин со три бода ја заокружија оваа натпреварувачка сезона. Тие завршија како третто пласирани сезонава. Стрелци на головите беа Давид Астарџиев, Малик Хасановиќ и Давид Ристовски. За впечатоците од победата и како помина сезоната за оваа Вардарова генерација, може да прочитате од изјавата на Давид Астарџиев.

-Победата против Ренова беше ќе речам очекувана, влеговме без притисок во утакмицата и ја игравме нашата игра со што не му дозволивме на противникот да направи посериозна шанса за погодок. Во првото полувреме постигнавме два гола и си припремивме мирно во второ полувреме кое резултираше со уште еден погодок. Оваа сезона во глобала имавме и подеми и падови, сезоната не беше најсјајна, останавме без титула, и нормално не се задоволуваме бидејќи ние сме Вардар. Беше што беше, ќе оставиме се зад нас и за сезоната што ни следи ќе дадеме максимум за подобар пласман и  на тој начин да ја поправиме изминатава.

vardarfans-david-astardjiev

Во периодот од 6-11 ти јуни, помладите пионери ќе бидат дел од силен меѓународен “турнир на пријателство“ , кој ќе се одигра во Бјелина.

-Во месец Јуни ќе настапуваме на турнирот на пријателство во Бјелина. Лично мои очекувања се да издвоиме победи во групната фаза и да се пласираме во полуфиналето, сепак се зависи од нас. На овој турнир прв пат ќе настапувам заедно со моите соиграчи, знаеме кои противници ги имаме во групата, доста квалитетни екипи но сепак одиме оптимистички и на победа.

Звонко Ивановски