Вардар ја победи екипата на Барселона и на тој начин денес ќе игра во големото финале, против тимот на ПСЖ. Во еден израмнет и квалитетен натпревар, до последните секунди не се знаеше победникот на полуфиналниот меч со шампионот на Шпанија. Сепак последниот гол, вреден финале го постигна Лука Циндриќ во последните три секунди, по што немаше повеќе време за противникот да организира напад. Најефикасни играчи во нашиот состав беша Душебаев и Чупиќ, кои постигна по 7 голови. Ова ќе биде последен меч за Алекс, кој сите се надеваме дека ќе се збогува на најдобар можен начин, со трофеј од ЛШ.
-После овој успех, сега ни недостига само да го одиграме најдоброто што можеме и на финалниот натпревар. Посакувам тоа да биде најдобриот ден за историјата на македонскиот ракомет и да одиграме уште еден одличен натпревар. Знам дека и против ПСЖ ќе имаме поддршка од два милиони навивачи. Знам дека покрај оние кои што дојдоа овде во Келн имаме поддршка и во Македонија. Се сретнуваме со силен противник. ПСЖ имаат 16 одлични ракометари, но ние мораме да се одмориме и да одиграме со срце како и секогаш.