Вардар ја освои Европската титула, откако во големото финале го победи тимот на ПСЖ. Црвено-црните испишаа историја за себе и за целокупниот народ во Македонија.
За МВП на завршниот турнир беше прогласен кој друг, ако не Арпад Штербик. Арпад е еден од најзаслужните за освоениот трофеј, со оглед дека на завршните два натпревари имаше двоцифрен број на одбранети удари кон неговиот гол. Ова е вкупно четврта европска титула за Штербик, кој претходно имаше три со екипата на Суидад Реал. Арпад најави дека и следната година ќе се врати во Келн, по трофејот.