Прва европска титула во историјата на клубот, донесе екипата на Вардар која се надмина себе си и успеа да слави во големото финале на лигата на шампионите. После доделување на медалите и трофејот, следеше славје на самите играчи и со навивачите, а вообичаено шампионското селфи беше од соблекувалната. Сега ги очекуваме играчите да пристигнат во Скопје и да им се организира пречек како што му доликува на Европски шампион.