Екипата на Вардар стана Европски шампикон, совладувајќи го тимот на ПСЖ во големото финале, на завршниот турнир во Келн. По одигрување на последните мечеви за оваа сезона во најголемото ракометно натпреварување, беше избран идеалниот тим на Ф4 во Келн. Таму најмногу место имаше за играчите на Вардар и тоа вкупно четворица од црвено-црниот состав. МВП на завршниот турнир, Арпад Штербик е најдобриот голман на овој завршен турнир. Најдобрите крила исто така доѓаат од редовите на Вардар. Тимур Дибиров е најдобро лево, додека Иван Чупиќ го доби признанието за најдобро десно крило. Играчот кој од следната сезона нема да го гледаме во дресот на Вардар, Алекс Душебаев е најдобриот десен бек.
Вака изгледа најдобриот тим на Ф4 во Келн:
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Среден бек: Арон Палмарсон (Веспрем)
Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)
Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар)
Кружен напаѓач: Андреас Нилсен (Веспрем)
Голман: Арпад Штербик (Вардар)