Нашите европски шампиони веќе се наоѓаат на плоштадот во Скопје, каде имаат свое обраќање пред Македонскиот народ. Еден од нив е златното момче, играчот кој ни донесе прва Европска титула, момчето кај кое не затрепери раката во последните секунди, момчето кое го постигна најважниот гол можеби во историјата на Вардар и Македонскиот ракомет. Тоа е Иван Чупиќ, единствениот играч кој успеал за две години да освои две титули со две различни екипи и да ја одбрани, што на никој му нема успеано. Тој имаше исто така кратко обраќање пред толпата собран народ, кое наиде на воодушевување.
-Вуко борозан е мојот крал. Јас сум Хрват и доаѓам од мала земја, но денес сум поносен и горд што сум Македонец, рече Иван Чупиќ.