Зад нас е сезоната 2016/2017 во тритте најпопуларни европски спортoви: фудбал, ракомет и кошарка. Европа веќе ги дозна овогодинешните шампиони во сите три најпопуларни колективни игри на стариот континент. Големо е задоволството што еден од новите три владетели во Европа е нашиот Вардар.
Во ракометната лига на шампионите РК Вардар направи сензација победувајќи ја Барселона во полуфиналето, тим кој е најтрофеен во оваа игра и има страшен ростер на располагање. Во финалето чудо кое ја потресе ракометна Европа, падна француски ПСЖ тим со убедливо најголем буџет во ракометот неколку сезони наназад. Сето ова не донесе злато, европско злато. По освојување на истото Скопје гореше, момците беа пречекани на спектакуларен начин вчера. Тие тоа го заслужија и повеќе од тоа, вечер повик сите во 21-00 часот во С.Ц “Јане Сандански“ на уште една фешта-прославата на четирите пехари.
Во фудбалот по 12 пат Реал Мадрид стана шампион, победувајќи го италјански Јувентус во финалето. Во кошарката Фенербахче е европски шампион, интересн факт е дека тоа беше трета круна за македонскиот кошаркар Перо Антиќ.
Дефинитивно ова друштво на Вардар му прија, ние сме дел од големата тројка на стариот континент.