Нов настап за репрезентацијата на Ерменија запиша играчот од редовите на Вардар Тигран Барсегјан. Барсегјан на натпреварот против Црна Гора беше на клупата за резерви, во игра влезе и доби шанса во 73. минута од натпревар. За жал другиот наш играч, Дамир Којашевиќ не доби шанса на овој натпревар и остана на клупата за резерви.
Овој натпревар го доби Црна Гора со резултат 4:1. Три гола постигна sвездата на Севиља, Јоветиќ.