Вчера и официјално започна Европското првенство во Полска за играчи до 21 година. На отварањето, во дербито на колото, Шведска и Англија одиграа 0:0, додека пак Словачка победи со 2:1 против домашната репрезентација на Полска. Денеска пак, не очекуваат вистинските возбудувања на овој турнир. Од 20 часот и 45 минути Македонија ќе се соочи со големата Шпанија. Во нашата група од 18 часот играат уште Србија и Португалија.
Во овој тим на Милевски има дури шест играчи од редовите на Вардар. Станува збор за: Игор Алексовски, Бесир Демири, Бобан Николов, Дарко Велковски, Петар Петковски и новото засилување на Вардар, Висар Муслиу. Речиси сигурно е дека првите четворица ќе започнат од првата минута, додека пак на клупата за резерви шанса ќе чекаат Муслиу и Петковски Петар.
Им посакуваме многу успех на нашите млади играчи денеска и воопшто на целото ЕП.