Вчера се појавија нови информации околу тоа каде ФК Вардар ќе го пречека тимот на Малме како домаќин. Јасно е дека Градски нема да биде опција. Сега се појавија информации од тимот на Малме, кој велат дека наводно Вардар би можел да игра на стадионот во Јагодина – Србија? Од управата на Вардар нема никаква реакција досега околу ова.
Ваквата информација секако дека не им се допадна на “црвено – црните” навивачи. Во Струмица на стадионот Младост секако дека Вардар ќе има поддршка од околу шест илјади гледачи, а во Јагодина со сигурност таа бројка би била многу помала.
Доколку сака Вардар да има голема поддршка од трибините, мора својот домашен натпревар да го игра во Македонија.