Нашиот шампион, ФK Вардар утре во 12 часот ќе го дознае својот евентуален иден противник во квалификациите во ЛШ. Како што стојат работите Вардар и за третото коло е неносител, затоа што и Малме со рејтингот не влегува во групата на носители.
Од можните ривали најдобриот по рејтинг е грчки Олимпијакос, останатите девет противници се Селтик (Шкотска), Салцбург (Австрија), Копенхаген (Данска), Лудогорец (Бугарија), БАТЕ Борисов (Белорусија), Легија (Полска), АПОЕЛ (Кипар), Марибор (Словенија) и Карабах (Азербејџан).
Олимпијакос влегува директно во оваа рунда, Салцбург, Копенхаген, Марибор и Легија со гостинските победи веќе се во трето коло, Марибор е со една нога таму. Според правилата според рејтинг се ждребуваат десет парови, а во случај на елиминација на некој фаворит со повисок рејтинг, победникот би го преземал рејтингот на фаворитот.
Првите мечеви од третото коло на програмата се на 25 и 26 јули, а реваншите на 1 и 2 август.