Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонското градско дерби во СЕХА, помеѓу Металург и Вардар, е поместено за 2 септември
Македонското градско дерби во СЕХА, помеѓу Металург и Вардар, е поместено за 2 септември

Македонското градско дерби во СЕХА, помеѓу Металург и Вардар, е поместено за 2 септември

Новата сезона во СЕХА-лигата, за актуелниот освојувач на ова натпреварување требаше да започне на 29 или 30-ти август, но терминот ќе биде поместен, поради настапот на Вардар на неофицијалното светско првенство, “Супер Глоуб„ во Доха, во периодот од 25-28-август. Како нов, сеуште неофицијален термин се споменува 2-ри септември, кога треба да се одигра првото Македонско градско дерби во новата сезона, помеѓу екипите на Вардар и Металург. Тој дуел треба да се одигра во спортскиот центар Јане Сандански, каде Металург ги игра домашните натпревари од СЕХА и лигата на шампионите.

Како што знаеме во првото коло, двојките ги сочинуваат екипи, кои доаѓаат од иста земја, со исклучок на дуелот, Брест Мешков и Татран Прешов, кои доаѓаат од земји, кои имаат само по еден претставник во ова натпреварување. Првиот домашен натпревар во СЕХА-лигата, црвено-црните треба да го одиграат на 5 или 6-ти септември, против екипата на Горење Велење.