Лука Циндриќ е најдобар ракометар на Екс-Ју просторот, во сезоната 2016/17, во традиционалниот избор на “Балкан Хандбал„. Циндриќ имаше одлична сезона пред себе, во дресот на Вардар и репрезентацијата на Хрватска, каде беше прв најдобар стрелец на својата селекција, на светското првенство кои се играше во Франција, на кое неговата селекција го освои четвртото место. Не треба да се трошат многу зборови, за каков играч се работи и колку тој е заслужен за освоената Европска титула на Вардар. Лука го постигна победничкиот гол во полуфиналето против Барселона, со кој црвено-црните стигнаа до финалето, во кое го победија ПСЖ и ја освоија лигата на шампионите. Покрај тоа со Вардар освои уште три трофеи.
Циндриќ победи во овој избор со 45 добиени гласови, пред словенецот и нов член на Киелце, Блаж Јанц, кој во изминатата сезона го носеше дресот на Целје.