По повод денот на независноста на Република Македонија ќе се организира силен меѓународен кугларски турнир “8-ми Септември”. Истиот ќе биде во целосна организација на кугларскиот клуб Вардар, ова е прв ваков турнир со желба и тенденција да стане традиционален во иднина. На него покрај нашиот Вардар, македонскиот вицепрвак и Куп шампион, ќе има уште три учесници, силни екипи од Ех-Ју републиките.
Од Хрватска ќе биде учесник екипата на Медвешчак од Загреб, екипа во која во оваа сезона 2017/2018 година ќе настапуваа поранешното ударно дуо на црвено-црните, Бојан Влаќевски- Димитар Димитровски. Од Босна и Херцеговина доаѓа вицепрвакот на земјата, поточно тимот кој фунционира во Република Српска, станува збор за екипата на КК Ревита-Бања Лука. Од соседна Република Србија учество ќе земе екипата која доаѓа од главниот град, тимот на КК Београд, тој тим е шампион во силната српска кугларска лига за изминатата сезона. Дуелите ќе се играат на 9-ти септември со почеток во 10-00 часот. Турнирот ќе се игра во кугларницата при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. Турнирот ќе биде екипен, но и поединечен, по крајот на истиот ќе бидат доделени награди екипно и на најдобрите поединци на истиот. Вардар се потруди и успеа да организира еден ваков квалитетен интернационален настан што само покажува дека во нашиот клуб се работи на завидно ниво. Во организирањето во пресред излегоа Градот Скопје и спонзори кој го препознаа овој квалитетен проект.