Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Поранешниот младинец Дарко Додевски потпиша за ФК Вардар, тој веднаш е даден на позајмица
Поранешниот младинец Дарко Додевски потпиша за ФК Вардар, тој веднаш е даден на позајмица

Поранешниот младинец Дарко Додевски потпиша за ФК Вардар, тој веднаш е даден на позајмица

Довчерашниот младинец на фудбалскиот клуб Вардар, Дарко Додевски  стави потпис на професионален договор со клубот. Тој  игра на позицијата последен играч на врска, истиот  е “плод“ на долгогодишните настапи низ младински категории на Вардар каде се калеше како фудбалер.

dare2

Беше стандарден играч во составот на Љупчо Марковски-Калц, настапи имаше во првенството и Купот. Тој  има од претходната сезона титула со Вардар, по освојување на таа титула играше заедно со останатите момци во младинската ЛШ. Таму бевме исфрлени од шампионот на Европа тимот на Салзбург. Додевски одигра одлично во изминатата сезона, посебно во пролетниот дел кога беше секогаш на ниво, сето тоа беше препорака за клубот да му даде прв професионален договор, истиот е со време траење од една година. Тој во новата сезона ќе настапува како позајмен играч во екипата на ФК Победа од Валандово, која во новата сезона ќе се натпреварува во втората Македонска лига-Исток.