За разлика од фудбалскиот клуб Вардар кој единствена “мака“ му се европските натпревари како и Малме така и Копенхаген беа принудени да играат во саботите пред да допатуваат во Македонија во домашната лига. Нашиот дански ривал и овој викенд го очекува натпревар во домашното првенство, додека ние одмараме и целосно сме фокусирани на реваншот.
Копенхаген в сабота, 29-ти јули игра дуел со екипата на Хобро, во истиот тие се домаќини и натпреварот е закажан попладне со почеток во 18-00 часот. Сето ова ни иде во прилог поради додатниот замор, безразлика дали ќе играат со најсилниот или комбиниран состав на овој натпревар. Ова е дуел од 3.коло во данската Суперлига. Додатна тежина за нив е дека освоија 4 бода во воведните дуели, па ќе мора да победат за да не им се зголемува негативата во однос на конкурентите кои досега имаат шест бода. Наше е да одмораме, да се подготвуваме и на Илинден, 2-август да испишеме историја.