Thursday ,10 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Младите вардарци Ѓорѓевски, Ончев и Поповски дел од подготовките со првиот тим на РК Вардар
Младите вардарци Ѓорѓевски, Ончев и Поповски дел од подготовките со првиот тим на РК Вардар

Младите вардарци Ѓорѓевски, Ончев и Поповски дел од подготовките со првиот тим на РК Вардар

Тројца млади вардарци од вториот сениорски црвено-црн колектив,  Вардар јуниор во иднина ќе тренираат со сениорски тим. Станува збор за: голманот Даниел Ѓорѓески, крилото Мартин Поповски и бекот Тоше Ончев. Тие веќе ги почнаа подготовките со екипата кои стартуваат токму денеска.

Според планот на првиот собир на екипата ќе  има 20 ракометари, и тие  ќе тренираат во Скопје каде ќе ги изршат и неопходните лекарски прегледи. Овие тројца момци и лани тренираа повремено со екипата и настапуваа на неколку натпревари од СЕХА лигата. Голманот Даниел Ѓорѓески за оваа укажана прилика вели:

Голема чест е да се тренира со овој тим на Вардар и да се учи од најдобрите. Се тридиме да работиме максимално, да „украдам” нешто плус од најдобриот голман во ЛШ. За разлика до лани кога играв во Вардар јуниор сега се посериозни тренинзите, можам, и очекувам да напредувам. Верувам ќе добијам и повеќе шанса за докажување. Знам дека ќе биде тешко, но подготвен сум на сѐ. Повеќе ќе треба психички да се одговори на задачите, но имам подршка од колегите и верувам брзо ќе се вклопам. 

Мартин Поповски
позиција: десно крило
датум на раѓање: 26.08.1994
висина: 177 см.
тежина: 75 кг.

Тоше Ончев
позиција: среден бек
датум на раѓање: 27.12.1996
висина: 180 см.
тежина: 80 кг.

Даниел Ѓорѓески
позиција: голман
датум на раѓање: 08.12.1993
висина: 185 см.
тежина: 80 кг.