Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јосеф Туту: Во Скопје беше претопло, на домашен терен одиме на победа
Јосеф Туту: Во Скопје беше претопло, на домашен терен одиме на победа

Јосеф Туту: Во Скопје беше претопло, на домашен терен одиме на победа

Црвено-црниот фудбалски колектив  полека се подготвува за реваншот во Копенхаген во рамки на 3.коло од квалификациите за  Лигата на шампионите. Јосеф Туту, фудбалер на Копенхаген, очекува он и колегите да се пласираат  во плеј-офот на Лигата на шампионите. Воедно наоѓа причина зашто во Скопје не одиграа онака како што од нив се очекуваше.

Ако играме добро како што знаеме, морам да кажам дека имаме шанса да бидеме ние тие што ќе минеме во наредната фаза. Сигурен сум дека ќе имаме можности, треба само да ги искористиме и да ги постигнеме потребните голови. Топлото време во Скопје беше проблем за нас, дома ќе биде друго. Секако, тоа не треба да ни биде алиби за поразот.