Нашиот фудбалски шампион веќе се наоѓа на теренот, каде утре ќе се игра реванш натпреварот против Копенхаген. Денес Вардарци пристигнаа во Данска, додека вечерва го имаа првиот трениг на “Телиа Паркен„. Позитивна атмосфера и расположение владее кај Вардарци кои се подготовени да дадат максимум да дојдат до позтивен резултат и да се пласираат во плејофот од лигата на шампионите. Капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров за официјалната страна на клубот изјави дека неговите соиграчи се подготвени да дадат се од себе да испишат историја за клубот.
-После добриот резултат што го имаме од Скопје (1:0), Вардар утре не смее да се брани, туку да нападне и да постигне гол. Мислам дека ако постигнеме најмалку еден гол, Вардар ќе оди понатаму. Копенхаген има одлична екипа, добар напад, физички се пдоготвени, така да не очекува тежок натпревар. Очекувам од моите соиграчи да бидат максимално подготовени, зошто ова е нивниот најважен натпревар досега во кариерата.