Кугларскиот клуб Вардар по една сезона пауза, повторно своите домашни натпревари и тренинзи ќе ги има во кугларницата “Вип“ при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. По повторното активирање на овој тим пред три сезони ние токму во оваа куглана настапувавме како домаќини, и тоа две сезони по ред.
Сепак лани менаџментот на тимот реши да го смени тоа и за домашна куглана ја одбра кугланата “Мусандра“ при Градскиот трговски центар Скопје, сепак тоа траеше само една сезона. Вардар се враќа назад на местото каде и ги бележи најголемите успеси во последно време. Таму пред неколку месеца во Куп финалето бевме поуспешни од екипата на КК Макпетрол и дојдовме до злато. Oваа недела со своите летни подготовки за сезоната 2017/208 стартуваа играчите од црвено-црниот кугларски колектив. Во вторникот тие го имаа првиот собир на кој присуствуваше целиот ростер на црвено-црните кој сезонава е видеоизменет. Тренерот Драги Димитровски имаше “збор“ со десет сениори и тројцата јуниори на КК Вардар тие тргнаа со подготовките во старо-новиот нивен дом.