Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Вардар во иднина со иста стратегија, ќе настапува со млади и домашни играчи
Кошарка! Вардар во иднина со иста стратегија, ќе настапува со  млади и домашни играчи

Кошарка! Вардар во иднина со иста стратегија, ќе настапува со млади и домашни играчи

Црвено-црниот кошаркарски колектив  минатата сезона испадна од првата лига.  Сепак  тоа не го намалува ентузијазмот кај челниците и тренерите на КК Вардар, кои се решени да продолжат да инсистираат на македонски проект во кој шанса ќе добиваат младите домашни играчи.Челниците на клубот  веќе имаат поднесено и барање за проширување на лигата и нивно враќање (заедно со Пелистер) во Првата лига, но дури и доколку тоа не се случи „црвено-црните“ ќе останат на принципите што ги восопставија во изминатиот период. Претседателот на клубот Владо Воиновски во изјава за спорскиот сајт Екипа.мк го вели следното:

Прославивме 70-годишнина на клубот, желба ми е Вардар да оди напред и во следните 100 години. Остануваме на нашата стратегија на која сме горди и не отстапуваме од неа, без оглед на случувањата во кошарката и големиот пад на репрезентативното ниво.  Ние сме клуб со сопствена сала и со инфраструктура, организација со млади тренери и талентирани деца. Ние ќе одиме напред, но бараме да се реши проблемот што дефинитивно владее во македонската кошарка. Решението за проблемот во македонската кошарка го гледаме во два дела, првиот е статусот на клубовите. Јас тоа го велам подолго време, не може клубови да се акционерски друштва, и тоа со капитал од општините. Потоа општините народните пари да ги даваат на странски кошаркари и тоа така да се одвива со години. Ако клубот е приватна сопственост може да прави што сака, но оние што се со државен капитал мора да ги трошат парите наменски, за развој на македонската кошарка.  Екипите од првата лига мораат да имаат и тим од втора лига, но и екипи од младински категории од У14 до У20. Вториот дел е да се заштити статусот на кошаркарите. Потребна е државна стратегија, дури и извесно време да се забрани настап на странци, нешто што ќе даде резултати гледано на подолг рок. Ние предложивме да нема странци во македонската кошарка во следните три години, идеја што во четири очи многумина ја прифаќаат, но кога ќе стане збор за поширока јавна расправа тогаш ретерираат – вели Воиновски.