Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар денес ќе игра за “бронза“ ,во 13-30ч. со Гумерсбах
Вардар денес ќе игра за “бронза“ ,во 13-30ч. со Гумерсбах

Вардар денес ќе игра за “бронза“ ,во 13-30ч. со Гумерсбах

Вардар денес  ќе игра за третото место на турнирот во Гумерсбах, Германија откако во полуфиналето вчера  Рајн Некар беше подобар и триумфираше со 34-25 (14-10). Наш ривал во денешниот натпревар за бронзен медал ќе биде домаќинот на турнирот, тимот на Гумерсбах. Вчера тие пак загубија од екипата на Фленсбург со резултат од 20:30.

Овој натпревар   е закажан за 13-30 часот, истиот ќе биде прилика за прва победа на овие подготовки откако забележавме два воведни пораза. На првиот меч кој беше пријателски бевме совладани од  Бергишер со 25-27 (17-14), а вчера  екипата на Рајн Некар успеаа да ни нанесе пораз во меч од турнирот во  Гумерсбах.