Навивачите на Вардар, верните Комити Запад за во понеделник најавија караван низ улиците на главниот град. Овој чин е само уште еден во серијата на мерки за мобилизација пред дуелот со Фенербахче во плеј офот за Лига Европа кој ќе се одигра во четврток на Арената “Филип Втори“. Во информацијата се вели:
Комитски караван за црвено-црно Скопје !
* Понеделник 14.08.2017
* Последна 5-ка во Ново Лисиче
* 20:00 часот
Со кола, точак, ролерки и тротинет уште еднаш да докажеме дека ова е црвено-црниот свет.